Вести Македонија Топ вести

Сарацин на средби со Џафери, Мицкоски и Ковачевски

За три месеци, втора посета на германскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

Дводневниот престој почна со средба со претседателот на Собранието Талат Џафери. Во текот на денот ќе се сретне со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и со пратеници, а утре со владини претставници и со премиерот Димитар Ковачевски.

Очекувано е разговорите да бидат посветени на евроинтеграциите на Македонија, но и на условите што треба да се исполнат на тој пат.

Сарацин беше во Македонија во јуни. Порача дека уставните измени се услов за интеграција на земјата во ЕУ и дека нереално е да се очекува повторно отварање на Преговарачката рамка.

Утре Сарацин ќе учествува на регионален настан за „Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарна демократија“. Клучно излагање ќе има германскиот министер за надворешни работи Михаел Рот, кој исто така доаѓа во Скопје. Посетите говорат за засилена дипломатска офанзива поврзана со уставните измени и немањето дво-третинско мнозинство за првата фаза од собраниската процедура.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе