Вести Македонија Топ вести

Потпишан првиот билатерален договор во областа на одбраната меѓу Македонија и Португалија

Министерката за одбрана на Португалија, Марија Хелена Кареираш денеска допатува во прва официјална посета на Македонија. Со високи воени почести, Кареирас беше пречекана од нашата министерка за одбрана, Славјанка Петровска, по што следуваа разговори меѓу двете делегации и потпишување на првиот Договор за билатерална соработка во одбраната меѓу двете земји, членки на НАТО. Договорот вклучува соработка и консултации во безбедносната политика, мировните операции, заеднички обуки, едукација, заштита на животната средина и соработка во други области, кажа министерката Петровска. А, на разговорите министерката Кареираш ја истакнала поддршката која Португалија и ја дава на Македонија за влез во ЕУ.

„Драго ми е што во еден дел од овој договор се наоѓа и развојот на соработката во доменот на родовите прашања. Како жени лидери во одбраната, ја разбираме потребата за целосно вклучување на жените во областа на безбедноста. Но, не како бројка, туку како можност за додадена вредност и квалитет во актуелната безбедносна архитектура. Соработката, се разбира ќе ја прошириме и во доменот на сајбер безбедноста, која е исклучително важен сегмент за стабилноста на секој современ безбедносен систем“, изјава Славјанка Петровска, министерка за одбрана на Македонија.

„За време на нашиот разговор имав можност уште еднаш да ја истакнам значајната улога што Португалија ја придава на идното пристапување на Северна Македонија во ЕУ, што ќе го зајакне европскиот проект и ќе придонесе за стабилноста на балканскиот регион. Нашите заеднички вредности во Алијансата нè водат, иста така, да застанеме заедно во поддршка на Украина, бранејќи го зачувувањето на единството, суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата“, истакна Марија Хелена Кареираш, министерка за одбрана на Португалија.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе