Вести Македонија Топ вести

ДУИ му ја вратила донацијата на Адеми еден месец пред тендерот за СЦ „Борис Трајковски“

Антикорупциската комисија утврдила дека ДУИ му ги вратиле парите на газдата на „Еуровиа“, далеку по законскиот рок. Вишокот пари биле вратени во јули годинава, само еден месец пред фирмата да го добие тендерот од 1,8 милиони евра за преадаптација на спортскиот центар „Борис Трајковски“ заради Самитот на ОБСЕ што треба да се одржи во декември.

Сопственикот на „Еуровиа“, Елмедин Адеми и фирмите блиски до него се меѓу најголемите донатори на ДУИ. Тој лично лани ѝ донирал на ДУИ околу 40 илјади евра. Тоа е 2,5 пати повеќе од законски дозволеното. Антикорупционерите бараат Државниот завод за ревизија да постапува по случајот и да изрече казна ако е потребно.

„Ние констатиравме дека средствата во износ поголем од предвиденото во членот 16 од Законот за финансирање на политички партии се вратени, но не се вратени согласно ставот 2 од истиот член, кој наведува дека веднаш или најдоцна во рок од 15 дена тие средства да се вратат“, вели Шемси Салаи од Државната комисија за спречување на корупцијата“, изјави Шемси Салаи, од Државна комисија за спречување на корупција.

За ваков прекршок, законот предвидува казна од 1.000 до 2.000 евра за одговорниот во партијата и од 5 до 10 илјади евра за партијата.

Антикорупционерите и обвинителството допрва треба да разгледуваат дали тендерот за реконструкција на салата „Борис Трајковски“ е доделен законски.

Донаторот на ДУИ го доби тендерот од 1,8 милиони евра од Министерството за надворешни работи, предводено токму од кадарот на ДУИ, Бујар Османи. Тој негираше политичко влијание и тврди дека е избрана најевтината понуда.

Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска очекува брз и ефикасен резултат од страна на антикорупционерите во однос на овој случај. Можеби ќе треба да се менува начинот на распишување на тендерите.

„Многу пати досега стигнало како реакција до кабинетот дека критериумот во законот за најевтина понуда не е секогаш најдобриот критериум за избор на одредена понуда и можеби треба да се размисли за тоа кои би биле вистинските критериуми за тоа на каков на начин би требало да добива тендер оној којшто ќе ја даде најдобрата понуда за институциите и за граѓаните. Факт е дека досега се покажало дека одењето на критериумот за најевтина понуда не е секогаш и најквалитетната и најподобната за сите нас“, изјави Славица Грковска, вицепремиерка за политики за добро владеење.

Според законот, партија не смее да добива донации од фирма што добива државни тендери. Сопственикот Адеми негираше дека донирала токму таа „Еуровиа“ којашто го добила тендерот, со оглед на тоа што има повеќе фирми со истото име, но се де од истоимена поголема групација.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе