Свет Топ вести

Над 2000 жртви во земјотресот во Мароко

Бројот на загинати во земјотресот во Мароко се искачи на 2.012 лица, а бројот на повредени на 2.059, при што 1.404 лица кои се во критична состојба, јави мароканската државна телевизија, повикувајќи се на соопштение на Министерството за внатрешни работи.

Портпаролот на Детскиот фонд при ОН (УНИЦЕФ) Џо Инглиш изјави дека се уште постои надеж дека ќе се најдат преживеани.

„Првите 72 часа во однос на потрагата и спасувањето се апсолутно критични… Тие го нарекуваат „златен период“ затоа што ако сакате да одите под урнатините, ова е моментот кога тоа треба да се направи и понекогаш гледаме чуда“, изјави Инглиш за Си-Ен-Ен.

Се очекува да се зголеми бројот на жртви бидејќи спасувачките тимови вчера имале тешкотии да се пробијат по патиштата врз кои имал одрони и паднати дрвја, а со цел да стигнат во тешко достапните планински региони, кои беа најмногу погодени од земјотресот.

Земјотресот бил почувствуван и во главниот град Рабат, Казабланка, Агаир и Есауира. Голем дел од луѓето од погодените области ноќта ја минаа на отворено, стравувајќи од нов земјотрес.

Кралот на Мароко, Мохамед Шести прогласи тридневна национална жалост за време на која знамињата на јавните згради ќе бидат спуштени на половина копје.Тој ја задолжи владата да формира министерски комитет за програма за обнова на домовите уништени од земјотресот.

Земјотресот се случи на планинскиот венец Висок Атлас во петокот, нешто по 23 часот по локално време, на релативно мала длабочина од 18,5 километри, со епицентар на 72 километри југозападно од Маракеш.

МНР ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО МАРОКО: Двајца македонски државјани евакуирани на безбедно во камп во Маракеш

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Ахмети ги обвини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе