Вести Македонија Топ вести

Свежото свинско месо поскапо за 40 денари по килограм – нов ценовен шок за граѓаните

Цената на светските берзи и недостатокот на свинско месо на пазарот е причина за зголемување на цената за 40 денари. Потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Гоце Сарафимов вели дека влијание има и африканската чума во земјава и во соседна Србија, од каде што и нашите одгледувачи гледаат и се договараат околу поскапувањето на свежото свинско месо. Викендов првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство, Бабовски порача дека нема потреба да се манипулира за зголемување на цената на свежото свинско месо, но големите одгледувачи одлуката ја донеле.

За новиот ценовен шок за македонските граѓани влијание има и појавата на африканската чума во најголемата фарма во карбинскиот регион пред десет дена. Од вчера е почнато и со еутаназија и закопување во јама на вкупно 9.000 свињи. Одгледувачите на свињи забележуваат дека со овој случај на македонскиот пазар се губи вишокот на свежо месо, кое завршуваше во преработувачката индустрија.

Сарафимов вели дека жива мера е 150 денари за килограм, а во месарниците свежото свинско месо се продава од 350 до 450 денари за килограм, во зависност од категоријата.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе