Вести Македонија Топ вести

Општина Тетово со над 12 милиони евра најзадолжена општина

Само првите пет најзадолжени ЈП на централно и на локално ниво на крајот од јуни  имале доспеани, а неплатени обврски во износ од 68 000 000 евра а петте најзадолжени општини во кои е вклучен и Град Скопје, на крајот од првото економско полугодие,  заедно должеле 33,1 милион евра, пишува Порталаб.мк

На листата од вкупно 899 најзадолжени институции, агенции, општини, јавни претпријатија, на високото второ место е ЈП МЖ Инфраструктура со доспеани и неплатени обврски во износ од 34,4 милиони евра. На 8 место на новата должничка листа на Министерството за финансии  е ЈП Колекторски систем – Скопје со пријавен долг од 9,4 милиони евра. Не само ЈП на централно ниво туку и ЈП на локално ниво и натаму високо котираат според висината на долгот – на 10 место е ЈП Водовод Куманово со ЦО Куманово со пријавен долг поголем од  8,8 милиони евра а веднаш зад него е ЈП Водовод и канализација Скопје со должнички износ од 8,5 милиони евра. На високото 13 место со долг од скоро 6,8 милиони евра е ЈСП Скопје, кое заедно со едно од најзадолжените ЈП Водовод и канализација се под “капата“ на Град Скопје.

Доспеани, а неплатени обврски

ЈП МЖ Инфраструктура                                      34 363 700 евра

ЈП Колекторски систем Скопје                            9 462 100 евра

ЈП Водовод Куманово (Ц.О Куманово)             8 892 340 евра

ЈП Водовод и канализација Скопје                    8 513 627 евра

ЈСП Скопје                                                                6 798 406 евра

ЈП Водовод Охрид                                                  6 134 100 евра

ЈКП Тетово Ц.О Тетово                                           5 420 674 евра

ЈП Комуналец Струмица                                       4 612 725 евра

 

На 14 место е ЈП Водовод Охрид кое на крајот од јуни пријавило долг во износ од 6,1 милион евра додека по него е уште едно локално јавно претпријатие – ЈКП Тетово Ц.О Тетово со должнички износ од  5,4 милиони евра. Со милионски долгови се и ЈП Комуналец Струмица со 4,6 милиони евра, ЈП Комуналец Гостивар со долг од 3,8 милиони евра, ЈП МРТ со должнички износ од 3,6 милиони евра, ЈП Водовод и Канализација Струга со 3,5 милиони евра, ЈП Чистота и зеленило – Куманово со долг од скоро 3,4 милиони евра

Според новите податоци сите јавни претпријатија на централно ниво и државните фирми имале долг од  163,8 милиони евра додека јавните претпријатија на локално ниво 80,3 милиони евра.

Во првите десет најзадолжени општини е Општина Тетово со долг од 12,2 милиони евра. За три месеци општината успеала да ги намали доспеаните е неплатени обврски за скор 2 милиони евра, но оваа општина и натаму останува назадолжена, рангирана на високото 7 место на новата должничка листа на Министерството за финансии. Втора најзадолжена е Општина Гостивар која на крајот од првото економско полугодие пријавила неплатени обврски во износ од 8 милиони евра и за три месеци долгот е зголемен за околу 50 000 евра.

Доспеани, а неплатени обврски

Општина Тетово                                 12 257 618 евра

Општина Гостивар                               8 057 300 евра

Град Скопје                                            4 957 745 евра

Општина Охрид                                    4 745 129 евра

Општина Делчево                                3 112 700 евра

На високото 17 место на должничката листа е Град Скопје со доспеани, а неплатени обврски во износ од скоро 5 милиони евра, за три месеци пораст на долгот за околу 2 милиони евра . Општина Охрид со долг повисок од 4,7 милиони евра е рангирана веднаш зад Град Скопје, на 18 место а Општина Делчево рангирана на 26 место е со долг од 3,1 милиони евра.

На крајот од јуни вкупниот внатрешен долг изнесувал 443,5 милиони евра и на квартално ниво е зголемен за околу 2,2 милиони евра.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дијаспората гласа за претседател

Дејан Дејан

Путин по петти пат стана претседател на Руската федерација

Дејан Дејан

Утре на гласање само еднаш, на гласачките места по две кутии

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе