Вести Македонија Топ вести

Живот „зад решетки“, но и граѓанска должност, права и обврски – затворениците гласаат на двојните избори

Затворениците од полуотвореното, отвореното, женското одделение и оние кои издржуваат казна доживотен затвор – сите распоредени во посебни групи и временски интервали, денеска гласаат на двојните избори.

Во групи по десетмина се редеа затворениците, во најголемиот и најобезбедуван затвор во државата „Идризово“. Овој затвор е еден од четиринаесетте казнено-поправни установи каде што се гласа денеска, на еден ден пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори.

„Гласачкиот материјал е дистрибуиран вчера, со асистенцијата од полицијата. Материјалот беше заклучен во посебна просторија – како го оставивме, така го најдовме утрово, ги наместивме материјалите и почнавме. Затворениците ги прашуваме дали сакаат да гласаат и на двата вида избори, значи тие земаат две ливчиња и кој сака гласа или го остава ливчето празно, го прешкртува. Тоа е нивна волја“, изјави Зоран Петровиќ, член на ИО во КПУ „Идризово“.

„Избирачкото место го отворивме точно навреме во 7 часот. Имаме 206 гласачи во двата избирачки списока – и за претседателските и за парламентарните избори“, изјави Андријана Хаџи Николова, заменик-претседателка на ИО во КПУ Затвор „Штип“.

Осудениците кои издржуваат казна затвор во „Идризово“ беа носени со комбе пред вратата на просторијата каде што беше распореден гласачкиот материјал.

Животот „зад решетки“ на само неколку минути го заменија со граѓанската должност да изберат кој сакаат да ги застапува во институциите. Во просторијата се задржуваа не повеќе од пет минути.

Два паравани, двојни избори. Затворениците имаат една шанса да одлучат кому ќе го дадат својот глас. Еден по еден застанати во редот, во затворот Идризово.

Според информациите, никаде не се регистрирани проблеми, гласањето по затворите започнало навреме во 7 часот и ќе заврши во 19 часот.

Своето право на глас можат да го остварат 2.147 затвореници на претседателските избори, односно 2.140 затвореници на парламентарните избори.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе