Вести Македонија

Алтгернатива: Османи се обидува да ги подели Албанците на оние кои се за ЕУ и оние кои се против

Ставовите на министерот за надворешни работи Бујар Османи изнесени во изјавата во која вели дека „Европскиот фронт е отворен за сите“ се изопачени и злонамерни, се вели во денешното партиско соопштение на Алтернатива.

Од партијата велат дека со ваквата негова изјава тој сака да ја вклучи партијата на Аријанит Хоџа во владата и на тој начин да ги подели Албанците на оние кои се за ЕУ и оние кои се против, додавајќи притоа дека според него „општеството во Северна Македонија е поларизирано како никогаш досега“.

– Пристапот на Османи преку фразата „кој не е со нас (ДУИ) е против нас, односно против Европа“, со изговор дека тие се чуварите и филтрите на проевропската ориентација на државата, интегрирајќи ги во нивниот фронт сите новосоздадени партии под новото лого „Соравија-Еуровиа“, има за цел да ја поделат обединетата опозиција и ништо друго, велат од Алтернатива.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија со скок од 19 места во однос на слободата на медиумите, медиумските работници со потпросечни плати и изложени на закани и напади

Дејан Дејан

Тажни сцени пред „Рибникар“: Родителите на убиените деца пристигнаа пред училиштето да оддадат почит на жртвите

Дејан Дејан

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе