Пожарникарите се борат со пожарите во Парнита, најголемата шума што граничи со Атина.
Околу 4 часот утринава е издадена наредба за евакуација на областа Агиа Параскеви кон центарот на Ахарнон.
Во реонот работат вкупно 260 пожарникари со 13 екипи и 77 возила, на кои им помагаат 6 авиони и 7 хеликоптери.
Во пожарите, кои беснеат во Грција од саботата, загинаа 20 лица, а над 400.000 хектари земјиште изгореа.„Ситуацијата невидена“, изјави грчкиот министер за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилијас.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.