Свет Топ вести

МНР: Тројца македонски државјани евакуирани од пожарите во Грција

Има еден повреден македонски државјанин во пожарите во Грција. Тој бил возач на камион чија приколка била опожарена додека поминувал преку подрачје зафатено со пожари, во близина на Александропулис, соопшти Министерството за надворешни работи.

Возачот добил изгореници, кои се третирани во локалната болница. Во непосредна близина, се наоѓа и втор камион со македонски регистарски таблички, кој поради механички дефект, не е во функција, велат од МНР.

Тројцата македонски државјани, кои се наоѓале во двата камиона, биле евакуирани и на пат се кон Северна Македонија, се наведува во соопштението од нашето МНР.

Министерството за надворешни работи посочува дека со внимание ја следи актуелната вонредна состојба во Грција.

-Во оваа прилика, би сакале да изразиме сочувство до семејствата на загинатите и да им посакаме брзо закрепнување на повредените, наведуваат од МНР.

Министерството преку својата Амбасада во Атина и Генералниот конзулат во Солун, се посочува, одблиску ги следи состојбите и останува во тесна комуникација со грчките надлежни институции и нашите државјани. Доколку има нови информации, дополнително ќе ја известиме јавноста.

Воедно, апелираат до нашите државјани, доколку се наоѓаат во погодените подрачја и имaaт потреба за помош, да ја контактираат нашата Амбасадата во Атина, преку следните СОС телефонски броеви:  00302106749585 / 00306944743071, Генералниот конзулат во Солун на +30 698 720 0410 или Министерството во Скопје на +389 75 273 732.

Марија Коцева

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бејби Лазања : Не можам да ја прифатам наградата од 50.000 евра. Го молам Пленковиќ тие пари да ги донира

Дејан Дејан

Полската војска нуди летен камп наместо сезонска работа

Дејан Дејан

Пленковиќ и Пенава во името на ХДЗ и Татковинското движење потпишаа коалициски договор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе