Вести Свет Топ вести

Кремљ не простува – се урна авионот на Евгениј Пригожин, тој бил меѓу патниците

Се урна авионот на Евгениј Пригожин, меѓу десетте патници бил и лидерот на озлогласената група Вагнер. Бајден вели не е изненаден, ескпертите сметаат дека поминало и долго време после бунтот кон Кремљ, а Путин за да ја покаже својата надмоќ одбрал една од најнепријатните опции.

Во приватниот авион кој се урна близу Твер, северно од Москва имало десет патници, меѓу кои и Евгениј Пригожин, со оваа информација почнуваат денешните вести на руските телевизии.

  • Во моментов, истражителите во регионот Твер ги истражуваат околностите за падот на приватен авион, кој еден ден претходно отпатува од Москва за Санкт Петербург. Специјалистите треба да ги пронајдат и дешифрираат црните кутии, Игор Кожевин, телевизиски водител.

Евгениј Пригожин, шефот на озлогласената платеничка група Вагнер, кој стана клучна фигура по походот кон Москва се верува дека загинал во авионска несреќа. Додека да стигнат официјална потврди светските челници велат постојат оправдани соменжи, некои не се ни изненадени.

  • Не знам точно што се случило, но не сум изненаден, Џо Бајден, претседател на САД.

Сомнежи има кај аналитичарите, можеби некој патувал под име Евгениј Пригожин, бидејќи тој често користел псевдоними со цел да се затскрие како дел од безбедносните мерки. Зачудувачки е, всушност што тој го преживеа бунтот кон Кремљ.

  • Прво, нема да биде изненадување ако Руската држава конечно се справи со Евгениј Пригожин, шефот на Вагнер. Повеќе беше изненадување што му беше дозволено да преживее толку долго откако го изведе предизвикот за Москва, земајќи ги своите луѓе и марширајќи кон Кремљ, барајќи пресметка со Министерството за одбрана. Сепак, тој од тогаш веќе знае дека има на неговиот грб има мета и со тоа претседателот Путин да даде пример. Евгениј Пригожин направи опасен преседан со тоа што направи бунт и всушност го преживеа, Кеир Гилс, експерт за Русија.

Безбедносните есперти велат дека Путин повторно покажал дека тој ја контролила ситуацијата и ја избрал најмалку непријатната опција. Од Кремљ нема денеска никаков коментар, а во време на уривањето на авионот рускиот претседател Путин присуствуваше на концерт што јавно се пренесуваше на телевизијата во чест на 80-годишнината од битката кај Курск.

  • Секој што ќе се осмели да посегне по нешто, брзо и веднаш ќе му ја скинат главата. Во оваа смисла, Путин ја избра најмалку непријатната од различните непријатни опции. Тој покажа дека ја контролира ситуацијата, дека моќните ресурси се на негова страна, дека секој што ќе се осмели ќе ја добие, Дмитриј Орешкин, професор на Слободниот универзитет во Рига.

Походот кон Москва Евгениј Пригожин, овој бруталниот платеник и шеф на групата Вагнер, кој во јуни го организираше најтешкиот и најшокантен бунт против рускиот претседател Владимир Путин, го нарече лекција за Путин за тоа како требало да изгледа инвазијата на Украина.

  • Го започнавме нашиот марш поради неправда. По пат не убивме ниту еден војник на земја. За еден ден бевме на само 200 километри од Москва. Влеговме и целосно ја презедовме контролата над градот Ростов. На цивилите им беше мило што не видоа. Прикажавме мастер клас за тоа како требаше да изгледа 24 февруари 2022 година, Евгениј Пригожин, лидерот на групата Вагнер (26.06.2023).

Овој 62-годишникот кој од затвореник стана газда елегантен ресторант во Санкт Петербург, беше инструмент на руската моќ на глобално ниво, неговите војници беа распоредени во Африка, се бореа во Сирија, а во мај, тие го зазедоа украинскиот град Бахмут. Пригожин рече дека таму умреле 20.000 негови луѓе, од кои околу половина биле регрутирани од руските затвори.

  • Попладнево во 12:00 часот Бахмут беше целосно земен, рече Пригожин(20.05.2023).

Пригожин и Путин имаа долги врски. И двајцата се родени во Ленинград, денешен Санкт Петербург. За време на последните години на Советскиот Сојуз, Пригожин беше во затвор – една деценија според негово признание – иако никогаш не кажа за какви злосторства. Потоа, тој поседуваше штанд за хот-дог, кој прерасна  во ланец луксузни ресторани кои го привлекоа интерес кај Путин. Па во 2010 со француски претседател Жак Ширак вечера во еден од нив.

Билјана Ставрова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе