Вести Македонија

ВМРО-ДПМНЕ по партискиот Извршен комитет бара предвремени избори до крајот на годината

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на својата седница со оценка дека се потребни предвремени избори.

-Легитимитетот на СДС и ДУИ, не само во однос на уставните измени, но исто така и во економијата, образованието, пензионерите, студентите, стопанството, е целосно нарушена и не нудат решение, туку создаваат повеќе проблеми. И затоа сметаме дека излезот од ваквата состојба би биле предвремени парламентарни избори во текот на оваа година, изјави пратеникот Антонио Милошоски којшто е и член на ИК на партијата.

Тоа според ВМРО-ДПМНЕ “би требало да се договори со консензус на сите политички партии, да ги направат во најкус можен рок потребните измени и дополнувања на Изборниот законик и да одиме на избори за да може граѓаните кои го носат суверенитетот да ја донесат одлуката за решенијата за ваквата проблематична состојба во која што власта ја донесе Македонија.”

Од ВМРО-ДПМНЕ оценија и дека спикерот Талат Џафери го прекршил деловникот бидејќи ја прекина седницата за уставните измени пред гласање.

-Втората тема која што исто така ја разговаравме во овој контекст на ИК е апел и барање до претседателот на Собранието да не го злоупотребува Деловникот. Тој е таму на таа позиција за да се овозможи да се носат одлуки, без разлика дали одлуката и се допаѓа на власта или не и се допаѓа, наведоа од партијата на Мицкоски.

Претходно Талат Џафери негираше неправилности и изјави дека седницата ја прекинал врз основа на процедура регулирана со Собранискиот деловник.

Во меѓувреме премиерот Димитар Ковачевски во Атина се сретна со претседателката на ЕК Урсула Фон Дер Лајен во Атина каде разговарале за евроинтеграциите и уставните измени.

Средба Ковачевски – Фон дер Лајен во Атина: Уставните измени се клучни за процесот на европските интеграции

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе