Вести Македонија Најважни

Средба Ковачевски – Фон дер Лајен во Атина: Уставните измени се клучни за процесот на европските интеграции

Успешното завршување на процесот на уставни измени е клучно за натамошниот тек на процесот на европско интегрирање на земјата. Оваа порака на премиерот Димитар Ковачевски вечерва му ja пренесла лично претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, со која Ковачевски се сретна во рамки на посетата на Атина по повод 20-годишнината од „Декларацијата од Солун“ на Самитот ЕУ-Западен Балкан.

Како што информираат од владиниот кабинет, говорејќи за предностите на членството во ЕУ, Фон дер Лајен нагласила дека е од клучна важност да не се пропушти оваа шанса за членство на Северна Македонија во Унијата.

На средбата биле разменети мислења за најновиот развој на настаните во контекст на отпочнувањето на процесот на уставни измени, за кои земјата ја има поддршката на ЕУ со цел продолжување на процесот на европска интеграција на Северна Македонија, како што му соопштила на премиерот Ковачевски претседателката на Европската Комисија, информираат од Владата. Била истакната важноста на успешното завршување на процесот на уставни измени за натамошниот тек на процесот на европско интегрирање на земјата.

Клучно за земјите од Западен Балкан е да се забрзаат фундаменталните реформи, за што ЕУ ќе ги зголеми претпристапните средства за земјите од регионот, било искажано на средбата Ковачевски – Фон дер Лајен.

Во пресрет на средбите со лидерите на земјите на Западен балкан, претседателката на Европската Комисија денес се обрати и преку социјалната платформа ИКС со порака.

ТЕЛОП: Урсула Фон дер Лајен, претседателка на Европската Комисија:

„Нашите пријатели, аспиранти за членки во ЕУ, треба да ги доближиме до нас многу поблиску и многу побрзо. Мило ми е што сум во Атина за да разговараме за европската перспектива на нашите соседи и партнери од Истокот и од Западен Балкан. Ќе продолжиме да ги уриваме бариерите меѓу нашите региони“.

На самитот ЕУ- Западен Балкан во Атина денес неочекувано пристигна и украинскиот претседател Володимир Зеленски, чие присуство до пред пристигнувањето воопшто не беше најавено, најверојатно од безбедносни причини.

Зеленски вечерва е почесен гостин и на неформалната вечера која што ја организира грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за лидерите од земјите од Западен Балкан и членки на Унијата од регионот на која присуствува и премиерот Димитар Ковачевски.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Атина остварил средба и со Маја Санду, претседателка на Молдавија.

На средбата, премиерот Ковачевски и претседателката Санду, изразиле задоволство од билатералната соработка, а најавија дека поддршката за постигнување на стратешките евроинтегративни цели на земјите.

Југослава Дуковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе