Вести Македонија Топ вести

Лебот е 33 денари, да не се шпекулира со поскапување во време на криза – Бесими за гласиштата за ценовни корекции

Цените на лебот не треба да се зголемуваат шпекулативно во време на криза. Владата е подготвена да разговара со претставници на мелничката индустрија и соодветно да реагира за да ги заштити граѓаните. Но, секој носи дел од одговорноста, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими во врска со најавите во медиумите за поскапување на лебот.

Цената на белиот леб, нагласи Бесими, е 33 денари и тука нема поскапувања. Како што најави, можно е уште денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на владина седница да излезе со нова предлог-мерка.

„Ги прочитав сите најави од мелничката индустрија. Дали откупната цена на пченицата е повисока во однос на минатата година? – Не. Дали електричната енергија е поскапа? – Не. Што во меѓувреме се случило за да најават поскапување на лебот? – Во постојана комуникација сум со двајцата министри, за економија и за земјоделство, како и со премиерот. Ние сме отворени да разговараме за која било тема, но најавите за поскапувањата само влијаат врз очекувањата на пазарот и дополнително ги оптоваруваат и загреваат очекувањата за цените. Ќе се разговара со нив и ќе излеземе во пресрет на секоја ситуација во однос на овие ситуации што може да влијаат од аспект на ценовната криза. Сите ние, ресорните министри, ќе разговараме со нив и во секоја фаза сме подготвени да реагираме со мерки“, истакна Бесими.

Министерот уште еднаш напомена дека Владата е подготвена да разговара за секое прашање.

„Секој си носи дел од својата одговорвност. Во време на криза не треба шпекулативно да се зголемуваат цените. Не прејудицирам дека тука има шпекулации, но сакам да кажам дека за кое било такво прашање сме подготвени да разговараме, зашто медиумски укажувања на работи кои влијаат врз очекувањата на стопанството не помагаат во економијата, туку дополнтелно создаваат очекувања за зголемување на трошоците“, рече Бесими.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе