Вести Македонија Топ вести

До каде е истрагата за Наумче Мојсоски кој за откритијата за злоупотреби при ваучерски систем ги тужи антикорупционерите за клевета

Поранешниот ракометен репрезентативец Наумче Мојсоски и натаму е директор на Агенцијата за млади и спорт иако Антикорупциска побара владата да го разреши поради злоупотреби со ваучерскиот систем. Во моментот обвинителството во Скопје води истрага по овој огромен предмет за кој имало расправии и во Брисел. Мојсоски тврди дека владата го отфрлила барањето на ДКСК, а убеден е дека го местат и му фингираат поранешни вработени во Агенцијата.

Обвинителството се уште истражува по предметот кој им го испрати Антикорупциска комисија за злоупотреби со ваучерскиот модел во спортот за што ДКСК побара кривична одговорност за директорот Наумче Мојсоски. Според информации на Телма, истрагата е активно и се работи на неа, станува збор за обемен предмет со многу документи, но и со постојано приклучување на нови анонимни пријави за злоупотреби во повеќе спортски федерации. Ваучерскиот систем за помош во спортот предвидуваше уплата на финансиска помош на спортски клубови од компании кои наместо да уплатат данок на државата, уплаќаа иста сума пари на определен спортски клуб. Но првин ревизорскиот завод, па потоа и антикорупциската комисија открија дека има злоупотреби со тоа што многу често фирмата го плаќаше ваучерот на клубови кои им се блиски со што се измамуваше и даночниот систем и спортскиот финансиски систем.

Обвинителството веќе го сослушало актуелниот директор Мојсоски и претходниот Дарко Каевски, а направени се извештаи и во УЈП: Антикорупциската комисија пак од владата побара Мојсоски да биде разрешен, но тој го тужеше за клевета членот на ДКСК којшто ја откри злоупотребата. Поранешниот ракометен репрезентативец и актуелен функционер Мојсоски не е разрешен. Денеска во друштво на министерот Спасовски при презентација на спортски терени во објектот на полициската единица ЕБР порача порача дека тој само го наследил ваучерскиот систем вреден по 10-тина милиони евра годишно и дека е жртва на фингирани сплетки на поранешни вработени.

„Ова беше фингирано од изминати вработени кои работеа во млади и спорт. Мој став е дека ваучерскиот систем постои и пред мене, истиот постои и сега, се надевам дека ќе се истражи и заврши како што треба. Веќе бевме на разговори во јавното обвинителство, кажавме какви се процедурите, ќе се покаже дека не сме ние…тие 10 милиони евра се граѓански пари кои се делат по федерации, клубови и спортисти“, изјави Наумче Мојсоски, ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈА ЗА МЛАДИ И СПОРТ.

Случајот бил актуелен и во Брисел, во ЕУ, при претресот на антикорупциски мерки и владеење на право во рамки на преговарачките поглавја кога, како што откри претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, вицепремиерот Бојан Маричиќ предлагал, Антикорупциската комисија да го исфрли предметот од нивната презентација пред европските претставници, но тоа не се случило и ваучерскиот систем бил посочен како голем ризик од корупција и финансиски злоупотреби.

Миомир Серафиновиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе