Вести Македонија Топ вести

Државјани од С. Македонија на второто место по бројот на депортации од Германија во првите шест месеци во 2023 година

Македонските државјани (665) се втори на листата на депортирани лица од Германија, покажува истражувањето од парламентарната истрага на левичарска партија во Бундестагот. Вкупниот број на депортации во првата половина на 2023 година изнесува 7.861 што е за, речиси, 27 отсто повеќе во споредба со истиот период лани.

На првото место се државјани на Грузија со 705 депортации, а по Македонија, следуваат Авганистан со 659 и Турција со 525.

Од депортираните, 1.664 се жени, додека 1.375 се малолетни лица.

„Луѓето чии барања за азил се одбиени или чии визи или дозволи за престој се истечени мора да ја напуштат Германија. Имиграциските власти се обврзани да ја извршат нивната депортација доколку не постојат попречувачки фактори како што се болест или други основи за привремена суспензија. Сепак, овие депортации честопати не успеваат“, наведува агенцијата ДПА.

Според информациите, во првата половина од годината морале да бидат прекинати 520 обиди за депортација. Најчести причини биле отпорот на засегнатите лица, одбивањето на пилотот или авиокомпанијата и одбивањето на федералната полиција да изврши апсење.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе