Вести Македонија Топ вести

Изгаснат пожарот и во Дојран – ЦУК вели дека моментно нема активни пожари во земјава

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на вчерашниот ден се регистрирани вкупно 14 пожари, кои што се изгаснати меѓу кои и оној во Дојран.

„Изгаснати се пожарите во с. Злокуќани (запалена дива депонија), Арачиново, с.Грушино (стрниште и сува трева); Општина Карпош (запалена дива депонија), Општина Дојран, с. Ѓопчели, површина 6 ха  (ниско стеблеста шума и прнар – даб) – пожарот е локализиран нема активно горење, Општина Долнени помеѓу с. Ропотово и с. Пешталево (сува трева), Општина Кривогаштани (депонија) –  во два наврата е опожарена и е интервенирано на депонијата, Општина Лозово с. Павлешенци (дива депонија); Општина Куманово, с. Речица месност „Аџи тепе“ (нискостеблеста  шума и грмушки); Општина Куманово, с. Пчиња – месност „Ристово трло’ (сува трева); Општина Карбинци (Штип), с. Трогерци (стрниште), Општина Долнени, с.Сарандиново (сува трева) и во Општина Демир Хисар с. Сопотница (зафатен со пожар дел од куќа)“, информираат од ЦУК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе