Вести Македонија Топ вести

Што вели предлогот за измени и дополнувања на Преамбулата и амандманите 12 и 36 во Уставот?

Предлогот за пристапување кон измена на Уставот, со насоки за изменување и дополнување на Уставот, предвидуваат промени во уставната Преамбула и во амандманите 12 и 36.

Со предложените измени на Преамбулата и на Амандманот 36 на Уставот се предлага после „… бошњачкиот народ“ да се стави запирка и да се додадат „бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ“.

Со измените на Амандманот 12, пак, се предлага промена на бројот на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците од досегашните 19 да се зголеми на 43 члена, при што по 16 члена од редот на пратениците во Собранието – Македонци и Албанци и по еден член од редот на пратениците Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци, Бугари, Хрвати, Црногорци, Словенци, Евреи и Египќани.

За промена на Преамбулата на Уставот, пак, потребно е двотретинско мнозинство на гласови од вкупниот број на пратеници во Собранието и мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе