Вести Македонија Топ вести

Со актуелното законско решение за усогласување на пензиите, се задржува животниот стандард на пензионерите – анализа на „Фајнанс тинк“

Со актуелното законско решение за усогласување на пензиите, живтониот стандард на пензионерите се задржува сметаат од „Фајнанс тинк“. Од таму потсетуваат дека Фондот за пензиско не е самоодржлив и во минатото зголемувањето на пензиите надвор од законското усогласување, доведоа до значајно продолбочување на дефицитот во фондот.

Серијата барањата за повисоки примања следуваат откако платите на функционерите скокнаа до 78 отсто по одлуката на Уставен да укине одредба од законот. Од „Фајнанс тинк“ и порачаа на Владата итно и неодложно да најде механизам за намалување на платите.

Зошто и по четири и пол месеци, власта сè уште не предложила законски измени за да ги корегира платите на функционерите, премиерот Ковачевски со објаснување дека сè уште се работи на законот кој бил комплексен. Во однос на барањата на пензионерите, премиерот со став дека Фондот за пензиско не може да го издржи линеарното покачување кое би значело 220 милиони евра.

Пензионерите што протестираат рече дека биле политички мотивирани. Највозрасните граѓани не отстапуваат од црвените линии – линеарно зголемување за 3.500 денари и и минимална пензија од 18.000 денари. Овие барања ги повторуваат секојдневно на протестите низ државата.

Во наредниот период треба да се формира работа група кој ќе работи на законско решение за утврдување на минимална пензија.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе