Вести Македонија Топ вести

Откупот на млечни производи намален за 76,7 отсто во изминатите три месеци, цените во малопродажба ќе растат

Увозот го поклопува домашнотото производство на млеко и млечни производи кое се ретчи и се намалува. Постепеното поскапување на млекото, сирењето, кашкавалот, јогуртот на рафтовите се крие во маржите, а не во производствената цена откриваат земјоделците, но засега не сакаат јавно да се спротивстават на трговците и откупувачите. Потегот треба да го повлече владата и одново да ги провери влезните и излезните цени на основните прехранбени продукти чија што разлика паѓа на товар на граѓаните.

Но, зошто го снемува млекото од македонските фарми е прашање со едноставен одговор. Се помал е бројот на фармите, а и тие се распрскани, а со тоа трошоците за одгледување на добиток ја надминуваат добивката. Ваквите тврдења на земјодецлите се поткрепени и со последниот извештај на државниот завод за статистика. Засега количините на млеко и млечни производи се надоместуваат од увоз, па така цената кон граѓаните преку трговците се менува на дневна основа. Цените се вивнати, а еден килограм овчи кашкавал се движи и до 900 денари. Според официјалните податоци на државниот завод за статистика во изминатото тримесечје откупот на млечни производи се намалил за 76,7 отсто, споредено со истиот период во минатата година.

„Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 2,1 отсто, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано намалување за 4,5 отсто. Значително намалување е забелeжано кај млечните производи за 76,7 отсто, во полјоделството за 22.8 отсто (особено кај житата) и кај овошјето за 38,2 отсто, а кај останатите производи е забележано зголемување,“ информираат од државниот завод за статистика.

Земјоделците тврдат дека секој килограм млеко е откупен и тоа по непроменета цена, а овие енормни разлики од две третини во потрошувачката се надоместуваат од увоз. Тивкиот револт на земјоделците ќе се разгори во наредниот период, а очекувањата од нивна страна се владата одново да воспостави контрола на пазарот, откако ќе ги лоцира причините за растот на млечните производи, но и на останатите прехранбени производи.

Минатата недела зголемувањето од 30 денари деновиве се дополни. Граѓаните реагираат, а и трговците не кријат дека цените на кашкавалот, сирењето, млекото и јогуртот пополека растат. Освен ова основно поскапување, на новата цена на производите ќе се додаде и маржата која од 1 јули годинава веќе не е замрзната. Она што е познато е дека во септември и низа други производи ќе добијат повисоки цени, бидејќи со законските измени ДДВ-то на одредени продукти ќе се зголеми двојно, од 5 на 10 отсто.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе