Вести Свет

Естонска банка прва ѝ воведе санкции на Србија

Естонска банка – „ЛХВ“ денеска соопшти дека од 1 септември ќе воведе нови ограничувања за плаќања со Србија и со уште четири земји, бидејќи тие не воведоа санкции против Русија по агресијата врз Украина.

„Во врска со тешката меѓународна ситуација предизвикана од агресијата на Русија, од 1 септември 2023 година не може да се вршат или примаат плаќања од банките во Ерменија, Србија, Узбекистан, Киргистан и Казахстан“, објави банката ЛХВ на својата веб-страница.

Оттаму додаваат дека ограничувањето важи за сите валути, како и за сите филијали на банки кои можат да бидат регистрирани или да работат надвор од споменатите земји.

„Се обидуваме да обезбедиме сите исплати направени до 31 август 2023 година (вклучувајќи го и тој ден) да стигнат до примателите. Сите плаќања направени по 1 септември 2023 година ќе му бидат вратени на исплатувачот“, наведува естонската банка на својата веб-страница.

Тие додаваат дека ќе добиваат исплати од споменатите земји во, како што велат, „исклучителни случаи“, доколку примачот на исплатата ја известил банката за својот оправдан интерес (на пр. национални интереси на Естонија, социјални причини итн.), објави Нова.рс.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дел од ромските набљудувачи имале закани на избирачките места – бараат поголема безбедност на претстојните избори или се повлекуваат

Дејан Дејан

ДУИ смислија ново правило за влез во влада по секоја цена?!

Дејан Дејан

Поништен е тендерот за прскање против комарци во Скопје, прескокнат е терминот за прскање за ларви, а комарците веќе се намножија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе