Вести Македонија

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Контролниот инспекциски надзор на ДСЗИ покажа дека двовластието во Токсикологија продолжува.

11-те лица на кои им е истечен договорот за работа се уште одат на работното место и незаконски даваат здравствени услуги. Ваквата контрола на Државниот санитарен и здравствен инспекторат следеше по вонредниот инспекциски надзор.

Надзорот течел со преведувач со директорката Бесија Иљази. За денеска беше закажан и вонреден  состанок на управниот одбор на Токсикологија. Клиниката за само еден месец ја тресеа неколку скандали. Од обиди за лажирања на резултати, преку зголемување на долговите, до закани за разрешувања на медицинскиот директор.

Се поплави и третиот кат на објектот, а се уште нема одговорен за случајот и зошто клиниката немала осигурување како што тврдеа дел од лекарите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе