Вести Македонија Топ вести

Неодговорно е пациентите да страдаат поради тендерски процедури – дијабетичарите најавуваат правна битка со државата

Револтирани и гневни што и по 8 месеци  се без глукомери и ленти за мерење шекер а дел од пацинетите и без терапија  дијабитиарите најавувуваат правна битка со министерстото за здравство. Ќе поднесат приговори а доколку бидат одбиени најавуваат судски тужби.

Неодговорно е пациентите да страдаат поради тендерски процедури велат дијабетичарите. Последниот тендер беше рапсишан по неколкумесечно задоцнување во април годинава па пациентите  приватно плакаат за терашијата и помагалата. Велат државата ги оставила са се снаогаат и меѓу себе си разменуваат од терапијата, лентите и  апаратчиња за мерење шеќер.

Во протестното писмо Сојузот на здруженија на дијабетичари пишува дека се  игнорирани, дискриминирани и понижени. Недозволиво е кога државата секојдневно се расфрла со непродуктивни трошоци, пациентите со дијабетес буквално да молат за лек и помагала којшто треба регуларно да им следуваат. Прашуваат и Каде се сензорите? Наместо да им олесниме  на децата и да им овозможиме убаво детство ги боцкаме по 10 пати во денот,

Од министерството за здравство без конкретен датум кога во инсулинските аптеки ќе има ленти и глукомери

Во сите инсулински аптеки има доволно количини од сите типови инсулин, а дистрибуирани се и потребните количини инсулински игли . Исто така, е склучен и договорот за набавка на ленти и глукометри за пациенти со тип 1 и тип 2 со дијабет, по што следи законскиот рок за испорака во инсулинските аптеки.Во однос на сензорите  за континуирано мерење шеќер во крвта, завршена е постапката и во тек на наредната недела ќе бидат склучени договорите, по што ќе следи нивна испорака, велат од здравство.

Од сојузот истакнуваат дека според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, само минатата година новодијагностицирани се 7 460 пациенти, а вкупниот број на евдиентирани случаи со дијабетес е 135 690.

 Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе