Вести Македонија Топ вести

(ВИДЕО) Нов инцидент со Дуковска, физички се пресмета со претседателот на Независниот полициски синдикат

Сопственичката на „јутјуб“ канал Александра Дуковска, која нема новинарски ангажман, предизвика нов инцидент и пред почетокот на најавената пресконференција со тупаници му се нафрли и го нападна претседателот на Независниот полициски синдикат Гоце Делчев.

Од видеото се гледа дека таа се претставува како новинар и тврди дека била следена од Делчев.

Во инцидентот интервенираа и полициски службеници, а Делчев по инцидентот објави фотографија на која се гледа дека се здобил и со повреда на увото.

Случајот, информира дека е пријавен во полиција, но од таму за сега нема детали каква постапка ќе се преземе против Дуковска.

Гоце Делчев прв ме нападна, тврди блогерката Дуковска за инцидентот по пресот на Независниот полициски синдикат и бара извинување

Инаку Дуковска пред извесно време во Влада на прес конференција влезе во дуел со министерот Крешник Бектеши околу употребата на уставното име на државата.

„Додека во цел свет новинарите се тие кои се напаѓани, во Македонија, агресивнa новинаркa го нападна претседателот на Независниот синдикат на полицијата. Го губи ли некој трпението и со физички напад се обидува да го заплашат независното синдикално постоење“, објави Делчев на својот фејсбук-профил.

Дуковска не е член на Здружението на новинари на Македонија, но оттаму побараа „да има нулта толеранција за секаков вид на насилство.

„По повод денешниот инцидент во рамки на настанот на полициските синдикати ЗНМ заедно со ССНМ остро го осудуваат секој вид на насилство од која страна и да доаѓа. Повикуваме на смиреност на страстите, јавноста ја замолуваме да се воздржи од коментари и реакции и бараме проблемот да се реши институционално“, се вели во реакцијата од новинарските здруженија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе