Вести Македонија Топ вести

Гоце Делчев прв ме нападна, тврди блогерката Дуковска за инцидентот по пресот на Независниот полициски синдикат и бара извинување

Блогерката Александра Дуковска која вчера ја обвини претседателот на Независниот полициски синдикат, Гоце Делчев Тодев, за напад врз него демантира и тврди дека таа била прва нападната.

Дуковска преку писмен допис побара да се почитува и нејзината вистина за инцидентот со претседателот на Независниот полициски синдикат Гоце Делчев, а побара и извинување.

-Дали викање помош, помош е некаков напад или се плашите дека ќе Ви го ревидирам статусот на новинари? Од видеото се гледа дека човекот кој уредно беше снимен, пренесен со став, ме удира. Од Вас како иницијатива медиумска, а дали сте или не, тоа други нека Ве оценуваат, очекувам јавно извинување за нанесување и изнесување на клевети, наведе таа во дописот испратен до Телма.

Таа беше прозвана за предизвикување физички инцидент по кој лидерот на Независниот полициски синдикат, Делчев се пожали дека се здобил и со повреда, а објави и фотографија на која се гледа повреда на увото.

Реагираа и еснафските здруженија ЗНМ и ССНМ кои побараа институциите да ги преземат своите надлежности. Дуковска пак тврди дека поради името таа не е член на Здружението на новинари на Македонија и смета дека таа може да биде граѓански новинар.

-Со ова, исто објаснувам дека, да, веќе не можам да сум член на ЗНМ, поради името, за што тие беа уредно известени. Јас подолг период сум мета на коментари од колеги новинари или лица кои не ги познавам, но јавниот простор е отворен за граѓанско новинарство, кога медиумскиот голем простор е затворен за образовани лица. Многу работи не правите како што треба, но за жал јас имам поголеми поплаки за Вас, стои во нејзиниот допис пратен до Телма.

Инцидентот се случи по прес конференцијата на Независниот полициски синдикат за несанкционирање на високо позиционирани функционери во МВР кои ги кршат работничките права на полицајците. На снимките кои беа лиферувани од Синдикатот се гледа како Дуковска оди по Гоце Делчев Тодев, му го попречува патот, а на моменти има и физички контакти и удари.

Делчев пак цело време зборува на телефон и се обидува да ја избегне. Не е снимен почетокот на инцидентот за кој Дуковска тврди дека почнал со удар од синдикалецот иако тој веќе објави дека бил нападнат физички со толкување дека нападот е поради нервозата на посочените на прес конференцијата.

Дуковска е редовен посетител на прес конференциите на Владата и на Претседателот на Републиката Стево Пендаровски, а ги следи и активностите во Собранието, а во сите овие највисоки државни институции како новинари може да влезат само оние на кои тие институции им одобриле акредитации.

(ВИДЕО) Нов инцидент со Дуковска, физички се пресмета со претседателот на Независниот полициски синдикат

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По речиси една година мостот Беласица целосно пуштен за сообраќај

Дејан Дејан

Тенкион паричник каска зад високите велигденски цени

Дејан Дејан

Започна дистрибуцијата на доверлив избирачки материјал

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе