Вести Свет Топ вести

Трамп: Обвиненијата против мене се „прогон на политички противник“

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, веднаш по сослушувањето пред судот во Вашингтон изјави дека обвиненијата против него се „прогон на политички противник“.

-Ако не можете судски да ги процесирате, тогаш прогонувате ги, рече Трамп додека им се обрати на медиумите на аеродромот во Вашингтон.

Тој оцени дека „ова е многу тажен ден за Америка“

-Ова е многу тажен ден за Америка, а исто така беше многу тажно да се вози низ Вашингтон и да се види нечистотијата и распаѓањето. Ова не е местото од каде заминав, рече Трамп.

Поранешниот американски претседател синоќа се изјасни за невин по обвинението кое го товари за обиди да ги поништи резултатите од претседателските избори во САД во 2020 година.

Би-би-си пренесе дека на Трамп пред крајот на сослушувањето му било кажано дека не смее да комуницира за фактите за случајот против него и мора да одговори на поканата од судот во Вашингтон. Свесен е и за „последиците“ доколку ги прекрши предистражните услови. Неуспехот да се почитуваат судските препораки може да резултира со налог за апсење, отповикани услови за ослободување, притвор и обвиненија за непочитување.

Специјалниот обвинител Џек Смит пред три дена поднесе ново обвинение против Трамп, што се состои од четири точки во кои поранешниот претседател е обвинет за измама на САД, заговор за попречување на службените постапки (пренос на власта), попречување и обид за попречување на службената постапка и прекршување на правата гарантирани со законите и Уставот на САД.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе