Вести Свет

Поплавени улици, евакуирани граѓани и еден смртен случај – Словенија поплавена по обилните врнежи

Поплавени улици, евакуирани, но и заробени луѓе во своите домови, голема материјална штета и населени места без електрична енерија. Словенија, особено нејзиниот северен дел, е под вода по обилните врнежи што ја зафатија земјата. Најмногу дожд падна на југот од подножјето на Јулијските Алпи и во подрачјата кон Горењска и Корушка. Според локалните метеоролози, во тие региони ноќеска наврнале меѓу 100 и 200 литри дожд на метар квадратен што е еднакво на месечна количина на врнежи.

Забележани се 100-тина интервенции на пожарникарите, екакуирани се три кампа, неколку села се отсечени од земјата, а според словенечката национална телевизија поплавите однесоа и човечки живот. Надлежните предупредија на можни прекини во напојувањето со електрична енергија, на комуникациските мрежи и снабдувањето со вода.

Под сирени за опасност е Љубљана поради голема опасност од излевање на Сава. Поради попладвите е евакуирана градинка, а критична е состојбата и во Шкофја Лока, каде водата „зароби“ голем број на жители во нивните домови и кои се евакуираат со хеликоптери преку крововите. Словенечката полиција објави неколку автопатишта се затворени за сообраќај. Поради опасноста од нови поплави, болницата во Целје апелира до граѓаните да се јавуваат само во итни случаи.

Националната агенција за животна средина АРСО предупреди дека во наредните 24 часа во поголем дел од Словенија се очекуваат врнежи од 40 до 80 милиметри дожд и меѓу 100 и 150 милиметри во јужниот и југоисточниот дел на земјата што би довело до значителен пораст на водостоите на реките Мура, Драва и Сава.

Обилните врнежи предизвикаа свлечишта, одрони и проблеми и во австриската покраина Корушка поради што се затворени николку сообраќајници. Населението е повикано да остане во своите домови, а напомош е повикана и војската. Невреме со големик размери се очекува и во Италија. Во Милано се затворени парковите, зелените површини и гробиштата, а според пишувањата на тамошните медиуми, затворени се пазарите на улиците на кои има стебла. Се најавува раст на водостојот и во Венеција.

Во очекување на невремето, Хрватска објави портокалов метеоаларм за регионите на Загреб, Сплит, Риека, Карловац и Госпиќ. Невремето според прогнозите ќе зафати голем дел од регионот, а во трасата на движење фигурира и Македонија каде се очекува во деновите од викендот.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе