Вести Свет Топ вести

САД се повлекуваат од Нигер, се разгледува воена интервенција – МНР со апел да не се патува во оваа земја

Соединетите Американски Држави наредија делумна евакуација на нивната амбасада во Нигер по минатонеделниот државен удар. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен минатата недела разговараше со соборениот претседател Мохамед Базума , соопшти Стејт департментот, додавајќи дека САД се посветени на враќањето на демократски избраната влада.

Меѓувреме стотици странски државјани веќе се евакуирани од земјата, а во неделата демонстрантите ја нападнаа француската амбасада.

Поради влошената безбедносна ситуација во Нигер и можноста од ескалација на истата, и македонското Министерството за надворешни работи упатува апел до државјаните на Северна Македонија да избегнуваат патување во Нигер, додека на оние кои се наоѓаат таму, а имаат можност да ја напуштат земјата, да го направат тоа веднаш.

Додаваат и дека до сега еден македонски државјанин побарал помош за евакуација.

Лидерот на пучот, генерал Абдурахаман Чиани, предупреди дека нема да толерира „било какво странско мешање во внатрешните работи“ на земјата.

Нигер е значаен производител на ураниум и се наоѓа на клучна миграциска рута кон Северна Африка и Медитеранот.

Земјата во која и Франција и САД имаат воени бази, е клучен западен сојузник во борбата против џихадистичкиот екстремизам во Сахел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе