Вести Свет Топ вести

Киев повторно нападнат со дронови

Украинските противвоздушни сили возвратија со оган на нападите на руските беспилотни летала за време на тричасовната воздушна тревога во Киев и околината рано утринава, соопшти украинската армија.

Како што е наведено, неколку експлозии се слушнале во и околу Киев, но се уште не се знае дали има жртви.

Во еден воен извештај стои дека цели во воздухот биле соборени, но не се наведени детали.

Киевските воени власти ја укинале тревогата веднаш по четири часот наутро по локално време. Алармите се укинати и во повеќето други области на земјата.

Според украинските власти, во последните денови од војната, руските сили не напредувале долж линијата на фронтот, „туку се вкопани во силно минирани области што ги контролираат, што го отежнува движењето на украинските војници кон исток и југ“.

Голем дел од руската воена активност е насочена кон воздушни напади кои ја оштетија инфраструктурата во украинското пристаниште Измаил.

Инаку, украинските сили започнаа масовни напади во јуни со цел повторно да ги заземат окупираните области и да извршат притисок кон југ, кон Азовското Море, односно со цел да го пресечат копнениот мост меѓу окупираната источна Украина и полуостровот Крим.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе