Вести Свет Топ вести

Горештините и загадувањето ги истакнуваат економските разлики кај Американците

Климатските промени од година во година носат се потопли и потопли бранови, соборувајќи температурни рекорди.

Поради високите температури илјадници луѓе умираат, меѓу нив особено лицата кои имаат здравствени проблеми но страдаат и оние кои не можат да си дозволат да се заштитат од топлото време, и да се разладат кога живата на термометарот го покажува пикот во денот.

Од големите горештини страдаат и најсиромашните Американци. Иако некогаш централното ладење беше луксуз сега станува се повеќе прашање за опстанок. Особено во градовите како Денвер, Портланд и Сиетл, кои вообичаено имаат посвежи лета, но брановите од жештини ја нагласија економската разлика кај домаќинствата со ниски приходи кои сега се соочуваат со исцрпувачки температури.

Многу од нив имаат единечни разладни единици но не можат да си дозволат да ги користат бидејќи сметките за потрошена енергија се многу високи. Во домот на Луси Молина во Комерс Сити надвор од Денвер, ноќите се неподносливи и непроспиени.

Јас ова место го нарекувам зона на жртвување на Колорадо затоа што сме дом на единствената рафинерија за нафта во државата Колорадо во непосредна близина. Немаме вода за пиење, а имаме најлош квалитет на воздухот во нашата држава. Сите овие отрови и некои од овие хемикалии кои се испуштаат од соседството до нас, го прават воздухот во заедницата потопол, вели Луси Молина, жител на Комерс Сити.

Додека милијарди федерални средства се доделени за субвенционирање на комуналните трошоци и системите за ладење, експертите велат дека тие често поддржуваат само дел од најранливите семејства, а за некои сè уште трошоците се превисоки.

Сè, од суша до загадување на воздухот до екстремни горештини има значително влијание врз здравјето. И ова е прашање на рамноправност бидејќи исто така знаеме дека луѓето кои се најмногу погодени од климатските промени се руралните заедници и заедниците со пониски приходи, раскажува Сабрина Пача, виш директор за здрав воздух и вода Колорадо.

Аманда Моријан, жител на Денвер, има 13-неделно бебе и очајно се обидува да го разлади својот дом и да ја намали температурата во својата куќа. Купила термо завеси, вентилатори на таванот и повремено вклучува разладна прозорска единица. Навечер вели е премногу топло за да го повие своето бебе па со допир кожата со кожа се обидува да ја регулира температурата на неговото тело.

Низ годините беа давани многу ветувања на жителите во овие населби кои навистина не беа исполнети во однос на градските ентитети кои велат дека ќе обезбедат услуги или удобности, а тоа никогаш не се случува, вели Аманда Моријан, жител на Денвер.

 

Знам дека можеби за нив јас не вредев кога растев, но не е фер. Не сакам да верувам дека оваа влада и овие лидери мислат дека моите деца не вредат. И вашите деца не вредат. Нашите деца вредат, а ние вредиме да донесеме подобра иднина, раскажува Молина.

Во федералниот Закон за намалување на инфлацијата, милијарди беа издвоени за даночни кредити и попусти за да им се помогне на семејствата да инсталираат енергетски ефикасни системи за ладење како топлински пумпи.

Тоа се вид на државни и федерални попусти што Моријан ги разгледа за нејзиниот дом изграден во 1891 година. Таа доби проценки од четири различни компании за инсталирање на систем за ладење, но секој проект беше помеѓу 20.000 и 25.000 долари, рече таа.

Дури и со субвенции вели не може да си го дозволи тоа.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе