Вести Свет Топ вести

Наесен е можен мировен состанок со Русија – Зеленски со порака до украинските дипломати

Мировен самит меѓу Русија и Украина би можел да се одржи наесен, доколку разговорите оваа недела се одвиваат според планот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им рекол на украинските дипломати оти се надева дека претстојната есен може да дојде до состанок со Русија. Разговори, им порачал Зеленски, се планирани во Саудиска Арабија оваа недела и треба да претставуваат отскочна даска кон таа цел.

Зеленски информирал дека на собирот во Саудиска Арабија ќе бидат застапени 40 држави. Сличен состанок беше одржан во Копенхаген во јуни на кој присуствуваа високи претставници на групата Г7, на Европската Унија, на Бразил и на Турција. Покана била испратена и до Кина која не учествувала на состанокот, пишува „Скај њуз“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе