Вести Македонија

Земјоделците трет ден со блокада на патот Свети Николе – Велес, бараат решавање на проблемот со водоснабдувањето

Трет ден земјоделците од Свети Николе и Лозвово со трактори ја  блокираат едната коловозна лента на  патот Свети Николе-Велес. Во системот  за наводнување има вода, но не и во доволни количини за да овчеполските земјоделци почнат со наводнување на своите земјоделски култури, кои изгореа на сонцето.

Директорот на Водостопанство Брегалница, Благојчо Богатинов за Телма вели дека синоќа во атарот на село Долни Балван откриени се крадци на водата, со асистенција на полицијата се затворил вентилот, за да потече водата кон Овче Поле. Но, Тони Јакимовски од светиниколско  кој вложил 4.000 евра само во семенски материјал за пченка вели дека водата и  да пристигне за неговата нива од шест хектари сега  е веќе доцна.

Земјоделците од Брегалничкиот и Овчеполскиот регион се револтирани што е зголемена и цената на водниот надоместок во зависност од земјоделската култура. Овчеполските земјоделци и денеска побараа да бидат ослобедени од плаќање на водарина, бидејќи годинава поради тоа што навреме не ја добија водата трпат големи штети на нивните земјоделски култури, а од некои нема ниту да добијат род.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе