Вести Свет Топ вести

Руски ракетен напад во Криви Рих, две лица загинаа – над 20 се повредени

Спасувачките екипи во областа Криви Рих се во потрага по пот лица за кои сметаат дека се уште се под урнатините од рускиот ракетен напад рано утрово.

До сега потврдени се информациите за две загинати лица и за над 20 повредени соопшти украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко.

Според Клименко, руските сили истрелале две ракети кон Криви Рих, кои погодиле образовна институција и станбена зграда.

„Една ракета погоди четирикатна зграда на образовна институција. Најверојатно има луѓе под урнатините. Спасувачите и полицијата работат“, напиша Клименко на својот Телеграм канал.

Тој додаде и дека втората ракета уништила дел од четврти до деветти кат од станбената зграда и дека потоа избувнал пожар.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски сподели изјава во која го осудува нападот.

„Овој терор нема да не заплаши или скрши. Ние работиме и го спасуваме нашиот народ“, рече Зеленски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе