Вести Свет Топ вести

Повеќето пожари во Грција се ставени под контрола

Повеќето шумски пожари што беснееја во Грција пред две недели веќе се ставени под контрола, но стотици пожарникари остануваат на клучните точки поради заканата од силни ветрови.

Противпожарната служба информираат дека „повеќе нема активен фронт“ во трите најголеми шумски предели на Родос, Крф и централна Грција.

Поттикнати од високите температури, сушата и силните ветрови, пожарите предизвикаа хаос во екот на летната сезона во Грција.

Околу 20.000 туристи и локални жители мораа да бидат евакуирани од хотелите и градовите на островот Родос и стотици други на Крф и други области погодени од огнената стихија.

Во пожарите загинаа најмалку пет лица и изгореа речиси 50.000 хектари шума и вегетација. Двајца пилоти загинаа уривајќи се со своето летало во напорите да го изгасат пожарот кој беснееше на Евија, а три други тела беа пронајдени во близина на индустриската област на централниот пристанишен град Волос.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе