Вести Македонија Топ вести

Полицијата се уште трага по лицето кое го избоде навивачот на Левски во Чаир

Идентитетот на лицето кое со нож избоде навивач на Левски во инцидентот што се случи во населбата Чаир е познат но сеуште е во бегство и полицијата трага по него, дознава Телма од извори во истрагата кои додаваат дека првичните информации се дека тој сеуште е во државата и не побегнал во странство па затоа прашање на време е кога ќе биде лоциран и приведен.

Инцидентот се случи неколку часа пред фудбалскиот натпревар межу Шкупи и Левски во близина на трговскиот центар Чаирчанка кога два автомобили со навивачи на Левски, кои тврдат дека скрешнале од рутата и залутале, биле запрени од локалното население. Бугарските навивачи излегле од возилата и се конфронтирале со граѓаните а следела и куса физичка пресметка. Дваесет и деветгодишнито навивач на Левски бил прободен со нож додека се враќал во автомобилот а двете возила беа оштетени.

Повредениот навивач на Левски беше хоспитализиран и опериран.Неговата состојба е стабилна и тѕој во четврок ќе биде пуштен и ќе замине во Бугарија на натамоѓно лекување.

  • Дваесет и деветгодишниот пациент е во добра општа здравствена состојба, контактибилен е и закрепнува по операцијата. Во постојана комуникација сме со колегите од Бугарија, и начелно договоривме во четврток или петок тој да биде трансфериран во една од здравствените установи во Бугарија“ изјави  Љубен Арсенков Директор Болница за хируршки болести „Наум Охридски“

Пред и за време на натпреварот се случија уште неколку инциденти, навивачите на Левски  имаа судир и со полицијата а тоа резлутираше во вкупно 21 приведен од кои 19 беа бугарски државјани. Тие беа пуштени на слобода доцна вечерта откако останатите навивачи од Бугарија собраа пари за да ги платат нивните казни.

МВР веќе иднетификуваше четири лица на возараст од 28 до 32 години кои учествуваа во инцидентот во Чаир, против нив беа поднесени кривични пријави за насилство, а на барање на Обвинителството им беа одредени мерки на претпазливост.

УЕФА забрани присуствбо на навивачите на Шкупи на реванш мечот во Софија кој ќе се одигра во четврток.

 

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе