Вести Македонија Топ вести

Нема одговор зошто трет коњ угина во скопската зоолошка градина за само 24 часа – обдукцијата ќе каже дали бил отруен

За само  24 часа во скопската Зоолошка градина угинаа три пржевалски коњи, со потекло од Монголија, донација на австриски национален парк. Угинувањето на коњите го пријавиле вработените во Зоолошка, имајќи предвид дека се се случило за многу кусо време. Сомнежот за намерно труење сега треба да го потврдат наодите од обдукцијата. Случајот беше пријавен и во полиција. Според професорот Џаџовски причини може да бидат неколку но треба да се почека што ќе покаже обдукцијата.

За Галетановски, поранешниот директор на скопската Зоолошка градина загрижувачки е сето она што се случува, вклучувајќи го и угинувањето на коњите.

  • Едни од најсилните животни, многу тешко скротливи, беа убаво чувани и обезбедени. Не можеше посетител да се доближи до нив или да ги погали како што се пони коњите или другите обичните коњи. Навистина редок вид мислам дека се многу ретки и во европските и во светските зоолошки градини.

Директорот на Зоолошка, Зоран Попов кој не одговараше на нашите телефонски повици, во куса порака рече дека направена е обдукција од Факултетот за ветеринарна медицина и ќе известат по добиените резултати.

Град Скопје исто ги чека резултатите по обдукцијата, но додаваат дека една саботажа е веќе евидентирана.

  • Полицијата постапува по пријавата на ЗОО, животните се на обдукција. Чекаме извештај. Веќе една саботажа е фатена, за истото има кривична пријава. За жал политиката не може да ги тргне канџите ни од ЗОО Скопје.

Пред речиси два месеца угина и жирафата Каспер, која имаше 12 години долгогодишен жител на Зоолошката, причина инфекција со „салмонела“. По овој случај беше суспендиран ветеринарот вработен во Зоолошката градина, Во јули минатата година во Зоолошката градина беа заклани 12 коњи, кога беше разрешен тогашниот в.д директор Кристијан Стаменов.

Во 2005- та година во истата Зоолошка градина беа убиени две срни. Случајот се уште не е расчистен.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе