Вести Македонија Топ вести

Војната стигнува во Русија – Зеленски по ноќните напади со дронови врз Москва и Крим

Војната стигнува во Русија, во нејзините стратешки центри и воени бази, изјјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски по ноќните напади со дронови врз Москва и Крим. Тој, сепак, порача дека е свесен оти Русите и натаму се во состојба да го нападнат енергетскиот сектор на Украина и критичната инфраструктура во пресрет на зимата.

Официјален Киев на почетокот на јуни почна контраофанзива члија цел е враќање на териториите кои ги освои Русија. Во плановите на украинските сили е враќање и на полуостровот Крим, кој е под контрола на Москва од 2014 година.

Русија утрово соопшти дека ноќеска одбила два одвоени украински напада – едниот насоеч нкон Москва, а вториот кон Крим. Министерството за одбрана информира дека во воздушниот напад на главниот град учествувале три беспилотни летала од кои едно било соборено, а две „неутрализирани со системи за електронско наведување. Притоа беа полесно оштетени две згради во комплексот „Москва Сити“ и повреден еден од чуварите. Поради нападот, накратко беше затворен меѓународниот аеродром Внуково.

Од 25 дронови, пак, кои летале кон Крим, 16 соборила руската противвоздушна одбрана, а девет завршиле во Црното Море со помош на електроските системи.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска беше во Санкт Петербург на одбележување на денот на морнарицата. На смотрата на воени бродови и нуклеарни подморници најави дека руската морнарица ќе добие 30 нови бродови од различен тип до крајот на оваа година.

Говорејќи за прекинот на огнот во Украина на самитот „Русија – Африка“, Путин рече не бега од мировни преговори, но нема да ги прифати додека украинската војска е во офанзива. Зеленски, пак, денеска во порака до нацијата порача дека Украина активно работи на Формулата за мир, на безбедносните гаранции за земјата до влезот во НАТО, за преговорите со Алијансата и со Европската Унија.

И Русија и Украина претходно порачаа дека нема да седнат на преговарачка маса додека не бидат исполнети нивните услови. Украина бара да се врати на границите од 1991 година на што Кремљ жестоко се противи. Од Москва, пак, одговараат дека Киев мора да ја прифати новата „територијална реалност“ за да се дојде до мировни преговори.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе