Вести Свет Топ вести

Топење на глечер откри посмртни остатоци на германски планиран кој исчезна пред 40 години

Во мраз на глечер кој се топи во близина на планината Матерхорн се пронајдени посмртни остатоци на германски алпинист кој исчезна пред 40 години. Ги пронајдоа двајца планинари додека пешачеа долж глечерот Теодул во Цермат, во Вале, јужна Швајцарија, соопшти полицијата, пренесува „Гардијан“.

„ДНК анализата овозможи идентификација на планинарот кој исчезна во 1986 година. Во септември во 1986 година, германски планинар, кој тогаш имал 38 години, бил пријавен како исчезнат, откако не се вратил од планинарење“, соопшти полицијата на кантонот Вале.

Полицијата не даде дополнителни информации за идентитетот на планинарот, ниту за околностите под кои настапила смртта.

Според некои проценки, најмалку 300 луѓе исчезнаа на Алпите во минатиот век. Пред девет години на италијанскикте Алпи, во близина скијачкиот центар Пејо, беа откриени посмртни остатоци на двајца австриски војници кои загинаа за време на Првата светска војна.

Минатата година, стручњаците забележаа најголемо ниво на топење на глечерите на швајцарските Алпи од кога се прават извештаи пред повеќе од еден век. Глечерите загубија 6 отсто од преостанатата зафатнина, скоро двојно повеќе од претходниот рекорд во 2003 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе