Вести Свет Топ вести

Пет лица повредени во пукање во супермаркет во Сиетл

Пет луѓе се повредени во пукотница во супермаркет во Сиетл, случај кој градоначалникот Брус Харел го прокоментира дека „премногу оружје е во погрешни раце“. Нема информации дека осомничениот е приведен или дека е во притвор.

Жртви се четворица мажи и една жена, потврди шефот на полицијата Адријан Диаз. Две лица се наоѓаат во критична состојба, две се стабилни, додека петтиот е пуштен на домашно лекување набрзо по инцидентот.

Пукањето се случи за време на настан во организација на Иницијатива за безбедност на заедницата која настојува да направи безбедни градски места за жителите на Сиетл, град кој има висока стапка на криминал.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе