Вести Свет Топ вести

Тешко оди битката со шумските пожари, чадот допрва ќе го загрози човековото здравје

Пожарот во околината на Волос, во централна Грција, кој предизвика експлозии во воен магацин, е ставен под контрола. Над 90 пожарникари и пет авиони цела ноќ се бореа со огнената стихија во гратчето Неа Анхијалос. Населението кое беше евакуирано утринава се врати, но ги затекна ужасна глетка на град на духови, јавува државната грчка телевизија.

Нешто подобра е ситуацијата со пожарите на островите Родос, Крф и Евија Противпожарните екипи, сепак, остануваат во состојба на приправност, додека се локализираат повеќе од 100 пожари, но велат дека се немоќни. Станува збор за т.н. ѓаволски триаголник, комбинација од високи температури, сув воздух и ветер.

Изгоревме речиси се, не можеме да го сопреме, не можеме ништо да сториме. Се бориме сите, се бориме, населението, владата…но, за ништо… вели еден од пожарникарите ангажирани во гасењето на пожарите

Додека Грција се бори, нови пожари и се закануваат на француската ривиера, исто како и во Шпанија и Италија, откако метеоролозите најавуваат нов топлотен бран во овој дел од Европа кој следува од недела. Истрагата за причната за пожарите е во тек, но се поизвесно е дека станува збор за намерно подметнување. Италијанските власти најдоа начин како да фатат пироманите.

Фативме пироман додека подметнува пожар во една од убавите шуми во Калабрија, бидејќи во Калабрија ги следиме подметнувачите со дронови. Лани фативме 22-ца, а оваа година го зголемивме бројот на дронови, затоа што најдобар начин да се изборите со пожарите е да се изборите со глупавоста на оние кои ја уништуваат околината, изјави Роберто Очиуто, претседател на регион Калабрија.

Илјадници хектари шума изгореа по рекордните температури. Уништените шуми нема да бидат единствената последица. Чадот кој се шири на километри ќе влијае на здравјето со години, велат докторите.

Кога честичките ќе навлезат длабоко во белите дробови, тие можат да предизвикаат системско воспаление, кое може да влијае на сите други системи на телото. Белите дробови се наоѓаат веднаш до срцето, така што има докази дека изложеноста на загадениот воздух може да влијае на здравјето на срцето, вели Колин Рид, професор по географија на Универзитет Колорадо.

Но, ниту мозочните функции не се поштедени, бидејќи најголемиот отров кој го испушта чадот од шумските пожари е јаглеродниот моноксид.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе