Вести Свет Топ вести

Напредуваме со брзина на полжав, на секои 100 метри губиме по 4-5 војници, Русите го минираа секој метар на фронтот – украински војник за „Киев пост“

Украинската војска напредува бавно, бидејќи остана без деминери. Како што пренесуваат украинските медиуми, Русите „посеале“ толку мини и практично е миниран секој метар квадратен на терен на кој треба да настапат единиците под команда на Киев.

„За еден месец напредувавме само километар и половина. На секои 100 метри освоен терен, се губат по четири до пет луѓе. Тоа не е вредно“, објаснува украински војник чии зборови ги пренесува „Киев пост“.

Според него, никој во Украина не очекувал дека Русите толку добро ќе се подготват за одбрана. Минирани се сите приоди до нивните позиции и ако се принудени да ги напуштат, ги активираат мините кои нанесуваат големи жртви меѓу напаѓачите. Поради мртвите и повредени кои мора да бидат евакуирани, нападот влегува во застој и Русите обично го користат тоа за противнапад. И така е секој ден, речиси, два месеца ширум фронтот кој се протега на стотици километри.

„Напфредуваме со брзина на полжав. Командата е нервозна поради тоа, а единиците се изморени и деморализирани. Русите се добро вкопани, имаат поддршка од артилерија и тие се наоѓаат во многу подобра позиција. Ние се трошиме, а тие можат во еден момент да тргнат во контранапад. Никој нема да ги задржи“, изјави војникот под команда на украинските вооружени сили кој изјавата ја дал под услов на анонимност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе