Вести Македонија Топ вести

ЕУ го почна скринингот на судски- советот, пак , не пронашол пропусти во работата на судот во Струга посочен од САД дека Мерко им вршел влијание и притисоци

Куса посета за почеток на длабок и сериозен скрининг во судски совет нарачан од Европската комсиија. Денеска отпочна со посетата на советот на лидерот на тимот експерти кој е во дводневна псоета на земјава, Бранко Хорватин. Тој не успеа да помине неприметен од камерите, но остана кус со обајснување за оваа псоета. Засега познато е дека тој во септмеври доаѓа во трочлен состав за да извршат анализа на работата на судски и да дадат мерки и насоки како да се подобри работата на ова тело кое е соочено со низа скандали. Советот продолжи со работа по средбата, а беше презентиран и извештај за работата на струшкиот совет, суд кој беше посочен од САД дека во него Мерко вршел притисоци и влијанија. Судски не нашол пропусти отккао со денови ја проверуваше работата на судот. 

Утрово во зградата на највисокотто правосудно тело се појави Бранко Хорватин. За јавноста во земјава името на Хорватин е не познато, но за Европската комисија тој и неговиот тим треба да завршат важна задача, да ја надгледуваат работата на судскиот совет, законите поврзани со неговата работа и да ги откријат сите слабости, но и да одговаарат како ова највиоско правосудно тело се најде во фокусот со низата скандали.

Хорватин е поранешен претседател на врховниот суд во Хрватска и истакнат правник, но и лидер на трочелната комсиија која доаѓа во септември по нарачка на ЕУ да го отпочне скрининигот, по што ќе следи извештај за сите слабости и мерки кои треба да се преземат.  Деталите од тет-а-тет средбата со претседателот на судскиот совет Сашко Георгиев, Хорватин не сакаше да ги открие, но начелно тој го трасира патот на тимот кој доаѓа во септември.

И Судски совет ги одмолчи деталите од  средба, иако посетата беше уловена од камерата на Сител телевизија. Судскиот совет продолжи со работата, а на самиот почеток донесе заклучок дека околу 20-ти август ќе избира нов член од редовите на врховните судии откако Наке Георгиев си поднесе оставка во пресрет на изборот на неговиот син за судија.

По исцрпна дебата, на дневен ред стаса и извештајот за постапувањето на основниот суд во Струга, откако админситрацијата на САД го прогласи тамошниот градоначланик Рамиз Мерко за „персона нон грата“ и му забрани да стапне во САД нему и на семејството, со сериозни обвинувања за влијание и корупција во судот во Струга. Но, по исцрпниот извештај на тричлената комсија која го посетила судот во Струга и ја проверила работата на судиите во кои Мерко и општината имале предмети, не пронашла пропусти.

Судски совет се здоби со негативен публицетот, критки и бурни реакции по разрешувањето на експретседателката Дамева и изборот на Георгиев, а реакцијата на Европската унија и барањето за скриниг следи откако САД ја обзнани инфорамцијата дека градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко е на црната листа на САД под сомнеж дека влијаел на судски одлуки и бил вмешан во коруптивни скандали.

Пријави и предмети против Мерко има, а кој требало да посптаува резултираше и со вебрлна војна меѓу обвинтиелството и Државната комисија за спречување корупција. Судски завршници нема, а дека судот во Струга работел прописно зелено светло денеска даде и Судскито совет.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе