Вести Свет Топ вести

(видео) Во пожарите на Родос угинаа и елените од заштитен вид – сателитската снимка ја покажува големината на катастрофата

Повеќе од 100 квадратни километри површина изгореа на грчкиот остров Родос во шумските пожари со кои државата се бори веќе шести ден по ред.

Освен евакуацијата на 19.000 луѓе, а дел од нив беа приморани и да ги напуштат домовите, страотниот пожар уништи куќи, штали, млада шума, но и живеалишта на диви животни. Уништувањето го покажа сателитската снимка на на вселенската програма на ЕУ, Коперникус, на која се гледа уништената површина, но секојдневните видеа на социјалните мрежи се нем сведок за ужасот за угинатите животни кои лежат изгорени покрај патот. Угинати се елените од видот Дама- Дама кој е заштитен вид и живее во чемпресова и борова шума.

Овој пожар на Родос е опашан како најголемата катастрофа што го погодила островот по Втората светска војна.

Причината за пожарите се уште не е позната, но неофицијално грчките медиуми јавуваат дека е можно да станува збор за човечки фактор. Истрагата е во тек, и ќе се повикуваат луѓе на распит.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе