Вести Свет

Русија води војна против светското снабдување со храна, обвини американската амбасадорка во ООН

Русија води војна против светското снабдување со храна, изјави синоќа на седница на Советот за безбедност на ОН американската амбасадорка во ОН, Линда Томас Гринфилд, а по руските ракетни напади деновиве на пристаништата во Украина од каде се извезува жито за светските пазари.

Русија неделава одлучи да се повлече од Црноморскиот договор за жито што дозволуваше извоз на украински земјоделски производи преку Црното Море.

Русија води војна против светското снабдување со храна. Руските извозници веќе прават корист, додека милиони кои неможат да си дозволат житарица по зголемени цени страдаат посебно луѓето во Блискиот исток и Афтрика. Да бидеме јасни, Русија нема апсолутни никаква, нула, легитимна причина да се откажува од учеството во овој договор, предупред Томас Гринфилд пред СБ на ОН.

За истапувањето од договорот Русија беше искритикувана и од други дипоматски претставници присутни на седницата како Габон, Франција или Мозамбик.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, претходно соопшти дека испратил писмо до рускиот претседател Владимир Путин со детали какви чекори ОН презеле да се овозможи експорт на ѓубриво во Русија. ОН исто така неодамна договорил предлог со Европската комисија подружница на Руска земјоделска банка да биде приклучена кон системот за плаќање SWIFT.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе