Вести Свет Топ вести

Во Хрватска најава за нова бура – Грција се соочува со нов топлински бран и темепартури над 44 степени

Температурите во јужна Грција се очекува да достигнат до 44 степени Целзиусови до крајот на оваа недела, во вториот топлотен бран што го погоди јужниот дел на Медитеранот. Снимките од дрон го покажуват штетите на шумската област во близина на Мандра, западно од Атина, по шумските пожари што ја зафатија областа. По евакуацијата дел од жителите се вратија во во своите опожарени домови во Мандра, каде изнминативе денови деноноќно се водеше битка со огновите. На помош пристигнаа и четири хеликоптери од Италија и од Франција. Вонредна состојба вчера беше прогласена на островот Родос каде беа издадени наредби за евакуација на населението на неколку планински области. Жителите од Мандра незадоволни од акцијата на противпожарните служби велат не виделе хеликоптери и дека сами го гаснеле огнот.

  • Околу пет се вративме и сами изгаснавме што можевме и успеавме да спасиме некои домови.Како што ќе видите понатаму, три или четири куќи – резиденции и простори за складирање – беа целосно изгорени.Имаше куќа која беше целосно опожарена со животни и автомобили. Сè, рече Варвара Параскевопулу, жител на Мандра.
  • Никаде немаше ниту едно противпожарно возило.Овде не помина ниту хеликоптер, ниту авион.Видов луѓе од општината како доаѓаат со резервоар за вода или слично.Едноставно кажано, овде сè гореше. Некако успеавме да поминеме јас и брат ми и полека користевме што имавме овде – кофи, црева. Добро е што го фативме на време и не се прошири понатаму, рече Алексиос Сапкин, локален жител.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис предупреди дека „тешките времиња очигледно не се завршени“ додека властите се подготвуваат за новата етапа екстремни временски услови. Противпожарната служба и цивилна заштита ќе останат во состојба на готовност

Се очекува во недела да ги подигне температурите до 45 степени Целзиусови. Зголемената топлина низ медитеранскиот југ на Европа одржува висок или многу висок ризик од пожари во земјата. Светската метеоролошка организација соопшти дека глобални бројки покажуваат дека месец јуни е најтоплиот досега.

Билјана Ставрова

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе