Вести Свет Топ вести

Неподготвеноста на жештините може да биде смртоносна, предупредува СЗО

Европската канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) ги предупреди жителите на Стариот континент да бидат подготвени за високите температури бидејќи топлотниот бран зафати поголем дел од континентот.

Без потребната подготовка, топлината може да стане смртоносна, предупреди Ханс Клуге, директор на СЗО за Европа.

Белгиецот предложи низа мерки кои жителите можат да ги преземат за да ги избегнат најлошите последици од топлотниот бран.

Тој советува да се остане дома и да се избегнуваат најтешките задачи во најжешките делови од денот.

Домовите треба да се ладат, на пример со спуштање на ролетните и користење на воздух ноќе за вентилација.

Исто така, клучно е да го одржувате телото ладно и хидрирано со носење лесна, широка облека, туширање со ладна вода и редовно пиење вода.

Додека се прилагодуваме на оваа нова нормала, со нејзините разорни ефекти врз здравјето и животните услови, од клучно значење е сите да бидеме вооружени со знаење што помага да се спасат животи, рече Клуге.

Покрај тоа што летово ќе се прилагодиме на новата реалност, мора да „размислуваме и за децениите што доаѓаат“, предупреди докторот во својата објава.

Тој повика на итна регионална и глобална акција за запирање на климатската криза, која претставува егзистенцијална закана за човештвото.

Клуге нагласи дека клучно е да се вклучат и помладите генерации, кои се особено загрижени за климата и често имаат идеи и предлози. Тој, исто така, нагласи дека прашањето за климатските промени треба да биде приоритет за сите политички опции.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе