Вести Свет Топ вести

Грција во пламен, пожарите евакуираа над 30.000 луѓе меѓу кои и 1.200 деца од камп крај Атина

Грција во пламен. Шумските пожари кои неколку дена беснеат во земјата стигнаа и до населени места. Пламените проголтаа неколку куќи во приморските места. Особено драматично е во Саронида и Лутраки, сообраќајот е во во прекин на некои места, на некои линии е запрен и железничкиот сообраќај, а од камп во близина на Атина се евакуирани 1.200 деца поради опасноста од ширење на огнената стихија.

Борба со пожарите во тој дел од земјата водат 120 пожарникари, со четири пешадиски единици и 43 возила. Освен на копно, врз огнот се дејствува и од воздух со пет авиони и хеликоптер. На располагање се ставени уште четири авиони и еден хеликоптер.

Извештаите покажуваат дека над 1.000 хектари на шума, борови и нискостеблести растенија се претворени во пепел. Покрај детскиот камп кај Атина, евакуирани се и 30.000 жители кои се најдоа под директна опасност по нивните животи.

Покрај Саронида и Лутраки, противпожарни и спасувачки тимови, но и единици на грчката армија се обидуваат да стават под контрола пожари кои избиваат на повеќе локации, во источна Атика, Капарели и во Дервенохори. Против нив се и екстремно високите температури и силниот ветар. Според прогнозите, силниот топлотен бран кој го погоди регионот не покажува знаци на ослабување, грчката метеоролошка служба предупреди дека ризикот од раширување на постоечките пожари и појава на нови е висок.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе