Вести Македонија

Опожарено возилото на началникот на СВР Штип

Рано утрово на паркинг на улица „Ванчо Китанов“ настанал пожар на возило марка „ауди5“, чиј сопственик е началникот на СВР Штип, Боби Гидиоски.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврдува дека во населбата Сењак е опожарено едно возило, а пријавата е од граѓанин во 03:01 часот. Веднаш е повикана Територијалната Противпожарната едница-Штип, на самото место интервенирале пожарникарите и не дозволиле огнените јазици да ги зафатат останатите паркирани возила.

Во тек е увид на местото каде што е опожарено возилото. Истрагата треба да открие дали станува збор за самозапалување или намерно палење на возилото на началникот на СВР-Штип, Гидиоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмалку 18 загинати лица, затворен граничeн премин, прекинат протокот на хуманитарна помош – Израел влезе во Рафа

Дејан Дејан

Жозеф Борел со јасен став за офанзивата врз Рафа

Дејан Дејан

Денеска ќе се одржи инаугурацијата на рускиот претседател Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе