Вести Свет

Двајца загинати во напад врз мостот на Крим- Русија ја обвинува Украина за тероризам

Убиени се мајката и таткото, а нивната ќерка е хоспитализирана, откако нивниот автомобил експлодираше во момент додека го поминуваше мостот Крим. Дали оваа патна и железничка инфраструктура беше цел на руските беспилотни летала или, како што обвинува Кремљ дело на „украинскиот терористички режим“ останува не јасно. Сообраќајот на клучниот мост што го поврзува анектираниот Крим со руското копно е запрен, уништена е една коловозна лента. Украинските власти објавија дека автомобилот бил со регистарски таблички од Белгород.

„Најтешко е што нејзините родители починаа, татко и и мајка и. Му наложив на Андреј Николаевич Гриднев да контактира со роднините – ова семејство од областа Новосколски – ние сега ќе ја пружам сета потребна помош, Сакав да ги изразам најискрените зборови на сочувство до сите нив, иако знам дека не постојат зборови кои можат да ја намалат болката од загубата, но ќе се обидеме да направиме се што можеме“, изјави Вјачеслав Гладков, гувернер на регионот Белгород.

Руските власти веќе соопштија дека покренале кривична истрага откако бил кренат во воздух дел од клучниот мост што го поврзува Крим со копното на Русија. Портпаролката на рускиот Истражен комитет, Светлана Петренко, го опиша нападот како „терористички чин извршен од украинските специјални служби“, но украинските власти не ја презедоа одговорноста за нападот

„Во врска со оштетувањето на мостот на Крим, Истражниот комитет на Русија покрена кривична постапка според член 205 од Кривичниот законик на Руската Федерација, односно терористички чин. Според истрагата, ноќта меѓу 16 и 17 јули, како резултат на терористички акт извршен од украинските специјални служби, оштетена е една од делниците на мостот на Крим, Светлана Петренко, портпарол на Рускиот истражен комитет.

Мостот, кој се протега на теснецот Керч, беше оштетен во октомври од камион-бомба поправките траеја повеќе месечни. Покрај патен, по мостот се одвива и железнички сообраќај и е важна артерија за снабдување на руските воени операции во Украина. Мостот долг 19 километри беше отворен во 2018 година и е главната копнена врска меѓу Русија и полуостровот Крим.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе