Вести Македонија Топ вести

РСЕ: Ѓорѓиевски – Град Скопје нѐ блокира на секое поле

Долго време речиси не постои соработка со Град Скопје, вели градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Тој смета дека преку расформирање на претпријатието „Комунална Хигиена – Скопје“, ингеренциите треба да ги добијат скопските општини, за да се добие подобра хигиена во градот, но и да се избегнат партиски вработувања.

Прашан што би била разликата доколку општините ги земат ингеренциите, Ѓорѓиески вели дека нема да има партиски вработувања и да земаат плата без да одат на работа.

Тој вели дека го поздравува секој чекор на било кој државен функционер, вклучително директорката на „Комунална Хигиена“ со којшто врши заштита на одредено јавно претпријатие или на било која државна институција, се со заштеда на парите на граѓаните.

– За мене е ирелевантно колку тежи бизнисот со собирање на смет и кој е во тој бизнис. За мене е многу важно кога ќе излезам на улица прво глетката која ме опкружува да биде пријатна за гледање. Второ, да бидеме експедитивни и експересно да се спроведуваат постапките за почиста животна средина. Ако во Скопје се направи анкета денес, втора тема во градот е хигиената, а на хигиената многу малку се внимава. Затоа сметам дека ако се расформира комуналното претпријатие, а тоа не е само мој личен став, во тоа сме обединети сите градоначалници од Скопје, јас сметам дека со трансформација на претпријатието „Комунална Хигиена“, кое што за жал во моментов не си ги врши како што треба работите, од една страна ќе имаме поекспедитивна постапка, ќе имаме почиста и поздрава животна средина и тоа ќе чини многу помалку, од тоа што ги чини од денешна гледна точка Комунална Хигиена вели Ѓорѓиевски.

Градоначалникот на Кисела Вода е во „отворена војна“ со Данела Арсовска, а препукувањата се интензивираа откако таа му најави казна од 90 000 евра за истурање на смет пред капијата на депонијата Дрисла. Ѓорѓиевски кажа дека нема да ја плати сумата, бидејќи Арсовска е ненадлежна за тоа, оти депонијата не е на територија на Град Скопје.

Арсовска му врати дека имотот на парцелата на ЈП „Дрисла“ е во сопственост и основана од страна на Советот на Град Скопје и е во директна надлежност на Градот Скопје. За неа, Ѓорѓиевски е функционално неписмен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе